ММС

Објавено на: 12/26/20 7:25 PM

Полицијата приведе седум лица: Се товарат за продажба на лажни ковид тестови

Одделот за криминалистичка полиција во координација со Секторите за внатрешни работи Скопје, Битола, Тетово и Куманово во текот на денов (26.12.2020) изврши претреси на 11 локации и приведе седум лица под сомнение за продажба на лажни ковид тестови.

При претресите се одземени мобилни телефони, персонални компјутери, лап топ компјутери, мемориски картички, 118 бланко договори, 13 пополнети со различни податоци, четири негативно пцр тестови, печати, факсимил од австриски нотари и друга документација – соопшти попладнево Министерството за внатрешни работи.

По документирање на случајот,до надлежните обвинителства ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави по член 378 од Кривичниот законик за фалсификување на исправа.

 

Фото:   Илустрација / Freepik


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.