ММС

Објавено на: 12/26/20 6:50 PM

Во Бугарија е притворен македонски државјанин, кој превезувал канабис

Бугарски царинци пронашле повеќе од 33 килограми канабис вреден 69.000 евра во автомобил со кој управувал македонски државјанин .

Како што пренесува БТА, автомобилот марка „киа” со македонски регистарски таблички бил стопиран на граничниот премин меѓу двете земји на 23 декември кога цариниците, при контрола, пронашле 76 пластични кеси со марихуана под просторот за багаж и под двете предни седишта.

Возачот, Р.Р. (58) патувал сам од Македонија преку Бугарија до Турција. Денеска, на барање на Окружното обвинителство – Хасково, судот на Р.Р. му изрече мерка притвор.

 

Фото:   bntnews.bg

 

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.