Едно лице загина, а две се тешко повредени во сообраќајна несреќа кај долнореканското село Скудриње што се случи денеска околу пладне.
Тетовската полиција соопшти дека животот го загубил педесет и двегодишен скопјанец откако на регионалниот пат Маврови Анови – Дебар, во близина на Скудрињски мост се судриле две патнички возила, „мерцедес” со дебарски ознаки и „ауди” со скопски регистарски ознаки.
Сега починатиот, бил сопатник во аудито, а возачот и другиот сопатник кои здобиле тешки повреди се згрижени во дебарската болница од каде се префрлени на скопските клиники.
Возачот на мерцедесот поминал со полесни повреди.
Јавен обвинител и екипа на ОВР Гостивар извршиле увид на местото на несреќата. Телото на загинатиот е предадено на обдукција.
Фото: Архива