ММС

Објавено на: 12/26/20 4:47 PM

Три случаи на насилство врз жени нотира полицијата: Еден од насилниците веќе е лишен од слобода

Триесет и петгодишна жена од Куманово вчера попладне во полиција пријавила дека ја нападнале нејзините браќа Е.Б. и М.Б.. Според пријавата, настанот се случил околу 15.30 часот на подрачје на Гази Баба  – соопшти денеска МВР, од каде потенцираат дека веќе е направен записник и констатиран е прекршок по чл.12 од ЗПП ЈРМ.

Во денешниот билтен полицијата информира и за друг напад врз жена, исто така во Гази Баба. Се работи за триесет и седумгодишна жена нападната од лице со иницијали И.И.. Од МВР тврдат дека веќе преземаат мерки за расчистување на случајот.

Освен тоа, полицијата информираше дека вчера лишила од слобода шеесет и четиригодишен маж од Свети Николе, откако тој  околу 20.10 часот на ул.„Кумановска“ во Свети Николе, насилно влегол во домот на неговата сосетка  В.Д.(65) и ја нападнал со метален предмет.

Се работи на целосно документирање на случајот и против К.Г. ќе биде поднесена соодветна пријава – соопштија од МВР од каде денеска информираат и за напад врз малолетник.

На 25.12.2020 околу 22.30 часот во СВР Скопје, Г.К.(47) пријавил дека кај бензинска пумпа во с.Марино,скопско неговиот малолетен син бил физички нападнат од Ф.Б., М.А., Д.В., М.С. и уште неколу лица од с.Кадино. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – додаваат од полицијата.

Билтенот нотира уште два други случаи на физички напади.

На 25.12.2020 околу 13,00 часот во СВР Куманово, С.С.(22) пријавил дека на 24.12.2020 околу 18.00 часот пред казино во Куманово бил физички нападнат од едно лице, вработено како обезбедување во казиното. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 25.12.2020 во 20.10 часот во СВР Битола, И.Ј. од Битола пријавил дека околу 18 часот на бензиската пумпа во Битола бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Фото:  Илустрација / Freepik


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.