ММС

Објавено на: 12/26/20 3:53 PM

Полицијата одзеде над 3000 пиротехнички средства во Вевчани и Свети Николе

Полицијата приведе шеесет и осумгодишен маж од Вевчани против кого ќе биде поднесена соодветна пријава – соопшти денеска МВР. Ова следува откако во неговиот дом, полициски службеници од Струга извршиле претрес и пронашле 2200 парчиња пиротехнички средства, кои ги одзеле.

Пиротехнички материјали, полицијата одзела и од едно лице на пазар во Свети Николе.

Имено, утрово полициски службеници од ОВР Свети Николе добиле сознанија дека на градскиот пазар во Свети Николе се врши продажба на пиротехнички средства, по што извршиле контрола кај Р.И. (68) од Куманово. При тоа, пронајдени и одземени се 900 парчиња пиротехника.

Против Р.И. ќе биде поднесен соодветен поднесок.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.