ММС

Објавено на: 12/26/20 3:46 PM

Украдени се пари од црквата „Св.Еремиј” во делчевското село Стамер

Украдени се пари од црквата „Св.Еремиј” во делчевското село Стамер.

Милан Велинов, кој е еден од одговорните во црквата, вели дека кражбата се случила во текот на вчерашниот ден по што настанот бил пријавен во полиција.

-Тоа се случи вчера, утрото по одржување на црковен обред. Одговорниот благајник кога дошол да ја отвори вратата на црквата, вратата била отворена, најверојанто со шпакла или шрафцигер. Притоа забележал дека двете каси биле насилно отворени. Во едната каса имало пари завиткани во пешкирче, нив ги немало, а исто и кај втората каса се украдени парите. Потоа дојдоа од полицијата, извршија увид, имаше уште една каса со ракофат и од неа се земени пари, покрај иконите што се ставаат пари не се земени, освен на една икона каде има пешкирче, објаснува Велинов.

-Кражба на пари од црквата за првпат се случува во село Стамер. Порано црквата стоеше отворена и никој не земал пари од неа, а сега што му текнало некому не знаеме. Најголем грев е од црквата да земеш пари, додава Велинов.

Црквата „Св.Еремиј” во село Стамер е изградена во 2017 година. Жителите покрај за соборниот ден на „Св. Еремија” доаѓаат и во други денови кога има празници. Во време на корона пандемија, како што додава Велинов, верниците ги почитуваат мерките за заштита од ковид-19. Од полицијата го потврдија случајот и додадоа дека се работи на откривање на сторителот.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.