ММС

Објавено на: 12/26/20 3:32 PM

Две возила се судрија на патот Струга-Дебар: Има и повредени

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Струга – Дебар, соопшти денеска СВР Охрид.

Сообраќајната несреќа се случила кај клучката кон струшкото село Долна Белица, меѓу автомобили „Мерцедес” со австриски регистарски ознаки, управуван од С.Т.(52) на привремена работа во Австрија, и „Опел” со вевчански ознаки, управуван од С.Ш.(41) од Вевчани.

– Со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „Опел”, констатирани во Општата болница во Струга, додека малолетно лице-сопатник во истото возило, се здобил со телесни повреди. Увид на местото на сообраќајната незгода, извршија полициски екипи – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.