ММС

Објавено на: 12/26/20 3:21 PM

На инфективните одделенија во земјава се лекува 631 пациент, околу 300 кревети се слободни

Во земјава вкупно се хоспитализирани 1045 пациенти од ковид-19 и има околу 300 празни болнички кревети., соопшти попладнево Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекува вкупно 631 пациент.

Според извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 44 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 57 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 36 пациенти, во Велес се лекуваат 35 болни, а во Куманово 95 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19.

Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 65 пациенти, во Прилеп 72 во ковид-центарот во Гостивар 35, а во Струга 36 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 61 пациент, во Кочани 19 во Кичево 20, Кавадарци 36, во Гевгелија 19 лица, а во Дебар 6 позитивни и суспектни на корона вирусот. Треба да се има предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти, со што ќе се ослободат дополнителни легла, се наведува во соопштението.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени, се додава во соопштението.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.