ММС

Објавено на: 12/26/20 1:54 PM

Почина легендарната хрватска спортска тв-коментаторка Милка Бабовиќ, родена во Скопје

Во 93.година од животот почина Милка Бабовиќ, долгогодишна хрватска спортска тв-коментаторка, која многумина од екс-југословенските простори ја паметат уште, особено по коментарите од преносите од уметничко лизгање и од атлетика. Боледувала и од други болести, но кронавирусот на крајот, сепак, бил кобен.

Родена е во Скопје во 1928 година. Се школувала во текот на војната во Сараево, Рума и во Белград, а во Загреб се преселила во 1948 година.

Во младоста била и врвна атлетичарка, 17 години првак на Југославија и била нејзина повеќегодишна репрезентативка.

Извор и фото: „Вечерњи лист“.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.