ММС

Објавено на: 12/26/20 1:19 PM

Не работат ски-лифтовите и жичниците на Попова Шапка

Ски-центарот Попова Шапка информира дека ски-лифтовите и жичниците од денес нема да работат затоа што се оштетени ски-патеките поради неповолните временски услови. Деновиве снегот се топеше и значително ја намали снежната покривка, а немаше нови врнежи.

-Ги информираме љубителите на скијањето дека денеска (26.12.2020) Ски-центарот Попова Шапка нема да биде во функција поради неповолните климатски услови од кои се оштетени ски–патеките. Чекаме врнежи од снег. За каква било промена на состојбата навремено ќе ве известиме, соопштија од ски-центарот.

На 16 декември за првпат оваа зима беа пуштени во употреба користат  жичарниците „Св. Илија” и „Церипашина” и ски – лифтовите „Аеродром” и „Ге”, откако претходно се работеше на подготовка на терените. Шестоседната жичница, која беше пуштена во употреба во февруари 2020, не беше ставена во функција овој зимски период.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.