ММС

Објавено на: 12/26/20 1:06 PM

Денеска продолжение на две собраниски седници

Претседателот на Собранието Талат Џафери за денеска закажа продолжение на две пленарни седници, 21-та и 26-та, со почеток во 15 часот.

На 26-та седница, меѓу точките на дневен ред, ставени се три предлог-закони по скратена постапка и тоа: Предлог на закон за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Предлог на закон за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, како и Предлог на закон за дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа.

На дневен ред на 21-та седница се Предлог законот за дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, по скратена постапка, Предлог на закон за изменување на Законот за поштенските услуги во прво читање, како и Предлог на закон за дополнување на Законот за заштита на населението од заразни болести во прво читање.

Собранието утрово по повеќе од дваесет часа ја прекина расправата по Предлог законот за решавање на спорот помеѓу Владата и Макпетрол АД Скопје по пат на спогодба, по скратена постапка. Дваесеттата седница на чиј дневен ред е овој Предлог-закон ќе биде дополнително закажана.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.