ММС

Објавено на: 12/26/20 11:48 AM

„Проблематично е во моменти на оспорување, да не постои посебен предмет историја“, рече Весна Јаневска во „Стадион“

Верувам дека тие што ја правеле концепцијата за реформа во образованието имале најдобра намера, но немале чувство за потребите на народот и за моментот во кој тоа се прави, рече во днешниот „Стадион“ на „Канал 77“ професорката Весна Јаневска, претседателка на Комисијата за образование на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во моментите на наше оспорување, да не постои посебен предмет историја, е проблематично. Ако огромен дел од луѓето, вклучувајќи и релевантни институции, меѓу кои и МАНУ, Институтот за национална историја, го кажуваат тоа, власта треба да ретерира. Гледам дека во последните денови има благо ретерирање, што ме радува“, истакна Јаневска.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.