ММС

Објавено на: 12/25/20 11:31 PM

Кој спие со своето куче, тој е и понаспан

Сопствениците на домашни миленици генерално имаат правила за тоа каде смеат да се движат низ домот, или пак, каде да спијат. Ако на вашето куче му е забрането да спие со вас во ист кревет, можеби е време да го промените тоа.

Сопствениците честопати им го забрануваат на милениците пристапот до своите спални соби. Сепак, ако спиете со вашето куче, тоа ќе ви помогне да бидете понаспани – покажува студија објавена во 2018. година спроведена во Њујорк.

Водичот на истражувањето,  професорката Кристи Хофман испитала 962 жени во Америка во врска со нивните навики за спиење. Резултатите покажале дека 57 проценти од тие жени го делат креветот со друга личност, 55 проценти со своето куче, а 31 процент со својата мачка.

На крај, студијата открила дека оние што спиеле со своето куче имале помирен сон од другите. Истражувањето исто така нагласило дека оние што го делат креветот со кучето веројатно и порано ќе си легнат, па и порано ќе станат.

Ова се супер вести за сопствениците на кучиња, но не и за оние со мачки.  Студијата покажа дека мачките може да го попречат сонот, исто како да треба да спиете со друг човек – пишува Mirror.

 

Извор:  24sata.hr

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.