ММС

Објавено на: 12/25/20 10:37 PM

Спиете со или без чорапи? Одговорот кажува многу за вашиот карактер!

Спиењето со, односно без чорапи, нема врска со температурата во собата. Психолозите сметаат дека тоа е поврзано со карактерот на човекот, па дел од луѓето се заштитници, а останатите бараат заштита.

Додека некои не можат да заспијат доколу чорапите не им се на нозе, другите не можат да ги поднесат бидејќи така им е премногу топло.

Според психолозите, луѓето кои спијат со чорапи тоа го прават затоа што чувствуваат студ, иако просторијата може и воопшто да не е студена. Тоа може да биде поврзано со разни физички аспекти како што е дебелината на кожата и бавниот метаболизам. Сепак, сппиењето во чорапи е одраз на психата. Луѓето кои никогаш не може да заспијат без чорапи вообичаено имаат потреба да бидат заштитени, сакаат да престојуваат на удобни места и секогаш настојуваат да воспостават длабоки и многу интимни односи со другите. По природа се нежни, најсреќни се кога се во нечија прегратка и не им пречи личниот простор да го делат со останатите.

Оние пак, кои претпочитаат да спијат боси, доколку облечат чорапи кога легнуваат ќе се чувствуваат неудобно и воопшто нема да може да заспијат.

Физички тоа може да укаже на забразана работа на метаболизмот, добра циркулација и подебела кожа. Гледано од психички аспект тие се многу независни и се заштитнички ориентирани кон останатите.

Ним многу им значи личниот простор и тие се дружат со луѓето само кога се расположени за тоа. Важат за чесни и искрени луѓе. Ги привлекуваат разни предизвици и би можеле да направат се за луѓето што им значат.

 

Извор:  24sata.hr


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.