ММС

Објавено на: 12/24/20 8:50 PM

Фаучи: За колективен имунитет потребна е вакцинација на 90 проценти од населението

За да се постигне имунитет на стадо ќе треба да се вакцинираат 70 до 90 проценти од граѓаните – оценува американскиот епидемиолог, Ентони Фаучи. Во интервју за Њујорк тајмс, тој признава дека со текот на времето ја зголемил проценката за процентот на население што треба да биде вакцинирано за да се оствари имунитетот на стадо, иако претходно истакнуваше дека е доволно тој процент да изнесува 60 до 70 отсто – пренесува Ројтерс.

„Кога истражувањата на јавното мислење покажуваа дека само околу половина од Американците би ја примиле вакцината, зборував дека за остварување на имунитетот на стадо би било потребно да се вакцинираат 70 до 75 отсто од граѓаните. Меѓута, кога новите истражувања покажаа дека 60 проценти или повеќе би примиле вакцина, помислив дека ова можам малку да го поместам, па отидов на 80, 85 проценти“, наведува Фаучи.

Што поинфективна е болеста, толку е попотребна стапката на вакцинација за да се постигне колективниот имунитет – објасни Фаучи.

Податоците на Американскиот центар за контрола и превенција на болести покажуваат дека од 14. декември вакцината ја примиле над милион граѓани, или околу 0,4 проценти од населението.

 

Извор:  b92.net


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.