ММС

Објавено на: 12/24/20 6:11 PM

Дејан Радоњиќ нов тренер на Црвена Ѕвезда

Легендата на Црвена Ѕвезда, Саша Обрадовиќ, не издржа на клупата на белграѓани. Убедливо најскапиот тим на овие простори и состав проектиран за високи дострели во АБА лигата и особено во Евролигата, оствари само пет победи во 16 меча и ги разочара фановите на црвено-белите и тесното раководство.

Како што дознава српски „Моцарт Спорт“, Обрадовиќ го напушта клубот, а на неговото место доаѓа поранешнио тренер на Ѕвезда и Баерн Минхен, Дејан Радоњиќ. Црногорскиот стратег се враќа „на местото на злосторството“, каде што четири години од 2013 до 2017 го водеше успешно клубот од „малиот Калемегдан“, освојувајќи три титули првак на Србија, три титули во АБА лигата и три купа „Радивоје Корач“, прекинувајќи ја долгогодишната доминација на најголемиот ривал Партизан.

Покрај слабите резултати на Обрадовиќ, навивачите и претседателот на Ѕвезда, Небојша Човиќ, изразиле незадоволство од лошата игра и недостатокот на идеја на паркетот.

Најголемиот успех на Радоњиќ во Европа со Црвена Ѕвезда претставува полуфиналето од Еврокупот против Уникс Казан.

 

Фото:

kurir.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.