ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/24/20 12:29 PM

Загина 25-годишен скопјанец, со мотоцикл излетал од автопатот Скопје – Тетово

Дваесет и петгодишно лице од Скопје вчера почина откако со мотоцикл излетал од коловозот на автопатот Скопје – Тетово.

Како што соопшти МВР, несреќата се случила вчера во 21 часот на автопатот Скопје – Тетово, на обиколница на град Скопје, после клучка Мирковци. Лицето Д.З.(25) од Скопје, управувајќи мотоцикл „априлија”, со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.

По незгодата Д.З. бил пренесен во Градска општа болница „Св.Наум Охридски”, каде им подлегнал на повредите.

Извршен е увид на местото на незгодата, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7