ММС

Објавено на: 12/24/20 12:10 PM

Бремените жени се ослободуваат од работа со физичко присуство, до завршувањето на пандемијата, потсетува Владата

Владата, потсетува дека согласно владина одлука, објавена во Службен весник, бремените жени се ослободуваат од работа и работни обврски со физичко присуство на работното место, до завршување на Пандемијата со КОВИД-19, прогласена од Светската здравствена организација.

-Содржината на мерките е регулирана со членот 13, точка 11 и членот 16 од Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест КОВИД-19, предизвикана од вирусот САРС-КоВ-2, случаите и временскиот период на нивна примена, објавена во Службен весник на 4 ноември 2020 година, велат од Владата.

Оттаму истакнуваат дека оваа информација ја објавуваат по изразениот интерес околу обврската за работа и работни обврски со физичко присуство на работното место, на бремените жени, по 31 декември 2020 година.

Владината одлука е донесена на седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 3 ноември 2020 година, по препорака на Комисијата за заразни болести.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.