ММС

Објавено на: 12/24/20 11:35 AM

Почна вакцинацијата во Србија, првата ја прими премиерката

Во Србија денеска почна вакцинацијата против коронавирусот, а првата вакцина jaвно ја прими премиерката Ана Брнабиќ во Институтот за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“.

Првите количества на вакцината во Србија пристигнаа во вторникот, а денеска ќе бидат вакцинирани штитениците на старски домови во Белград и во  Нови Сад.

Српските медиуми напоменуваат дека, по Велика Британија, Србија е втората европска земја што добила вакцини „Фајзер“.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.