ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/24/20 11:08 AM

(фото) Кај нас редици за државна помош додека во Хрватска мирно во ред пред рибарници

Пред прославата на Католички Божик во Хрватска,  претпладнето стигнуваат слики на долги редици  за свежа риба. Во една од најпопуларните рибарници во центарот на главниот хрватски град, Загреб, граѓаните мирно чекаат да дојдат на ред, при тоа, почитувајќи ги правилата на задолжително растојание од два метри.

Католичката божиќна трпеза е посна, со подготовка на разни видови на риба, рибен паприкаш или грав во прилог.

За разлика од Хрватска, во македонските градови, деновиве редиците се пред банките. Државната помош од 6000 денари создаде наплив од луѓе, кои забораваат на задолжителното растојание, како заштитна мерка од корона вирусот и покрај високите бројки на новозаболени.

 

фото: ФБ


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7