ММС

Објавено на: 12/24/20 11:21 AM

Скопјани со највисoки доходи, во Струга исплатена највисоката бруто плата, а во Штип пензионерот со највисока пензија

За 35.363 граѓани, утврден е бруто доход на над еден милион денари, додека најголемиот број на граѓани, односно 638.210 лица оставриле бруто доход кој се движи во прагот од 100 илјади до еден милион денари. Во однос на 2018 година има намалување на врвните прагови кога имало дури 31 граѓанни кои оставриле над 100 милиони денари и двојно повеќе во прагот од 10 до 100 милиони денари, изјави директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска.

Скопјани доминираат на листата со највисок доход, вели таа, но првото место за 2019 година за остварен највисок годишен бруто дохот во Македонија припадна на граѓанин од Битола кој пријавил 211.360.619 денари со годишен бруто приход. Граѓанка од Скопје е втора на оваа листа со оставрен годишен бруто доход од 172.166.358 денари. Во споредба со 2018 година кога највисок остварен доход беше 1.560.992.055 денари, има значајно намалување. Прво рангираниот во 2019 година кога би се нашол на листата од 2018 година би бил 9-то рангиран.

Највисоката бруто плата во 2019 година исплатена е на граѓанин од Струга, платата е остварена во индустријата со метали и изнесува 114.854.796 денари. На листата највисоко рангирани бруто плати се најдоа платите исплатени во секторот здравство, аптеки, образование, комбинирани канцелариски и административни услужни дејности и производство на горна облека.

Највисокото лично примање по друг основ изнесува 48.511.454 деанри на годишно ниво за повремено или привремено извршени услуги кон соодветна градежна компанија.

Највисоката капитална добивка од 88.352.113 денари остварена е од граѓанин од Скопје, од продажба на сопственички удел од странска компанија, додека највисоката исплатена дивиденда е во износ од 210.411.765 денари и исплатена е на граѓанин од Битола, кој е сопственик на бизнис кој припаѓа на дејностите во градежништвото.

Самостојното вршење на дејности во 2019 година најпрофитно за скопјани кои доминираат на листата кои доминираат со доход по овој основ, од кои нависокиот изнесува 44.065.522 денари. Во 10 –те топ рангирани на листата се наоѓаат адвокати, нотари, извршители и угостители.

Земјоделието најисплатливо во скопскиот регион, каде граѓанин од скопскиот дел остварил доход од продажба на сопствени земјоделски производи во износ од 32.345.815 денари, а гевгеличанец остварил 11.694.817 денари доход по овој основ.

Во 2019 година прво рангираниот според вкупно оставрен бруто доход од закуп и подзакуп на имот, издавање на земјиште, станови, деловни простории, превозни средства и друг вид на имот е обврзник од Тетово, кој пријавил 84.039.667 денари.

Прво рангиран според оставрен вкупно бруто приход од авторски права и други стварни права е обврзник од Скопје со 22.612.966 денари, додека кумановец остварил бруто приход од 4.161.850 денари од права на индустриска сопственост.

Највсоката добивка од лото обложување, казино и учество во наградни игри односно пријавен вкупен бруто доход  од игри на среќа е жителка на Скопје, која само по овој основ остварила 29.993.930 денари.

Прво рангираниот пензионер е од Штип чија што бруто пензија изнесува 8.064.865 денари. Прво рангираниот е жена осигуреник по основ на уплатени премии и исплатена осигурна сума во износ од 7.835.927 денари и истата е жител на Скопје.

Во категоријата друг доход, од различни извори како што е доходот кој не е конкретно опишан во законот за личен доход и не е изземен од оданочување. Доходот оставен од продажба на користен цврст отпад, електронска трговија, преку интернет, маркетинг интернет услуги, износот на неискористените донирани финансиски средстава како и кусоци кои не се предизвикани од вонредни настани, кражба, пожар или други природни непогоди кои не се на трошок на платата на одговорното лице. Во оваа категорија прво рангираниот е во Скопје со износ од 160.595.958 денари и овој доход претсавува кусок кој не е на трошок на платата на одговорното лице. Второ рангиран е граѓанин од Тетово, кој доброволно го пријавил својот доход во износ од 138.938.218 денари кој е исплатен од компании кои работат со мрежни, социјални и видео платформи.

Највозрасното лице кое остварило над еден милион денари приход  е на возраст до 101 година, додека во групата над десет милиони денари, највозрасниот има 86 години.

Лице кое се родило во 2013 година е најмладиот милионер кој се родил во нашата држава, во 2019 година и ситото оставрило доход од закупнина над еден милион денари.

Г.Д
Фотографија: Youtube Screenshoot


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.