ММС

Објавено на: 12/24/20 9:36 AM

Во светот досега речиси 80 милиони луѓе позитивни на Ковид-19

Коронавирусот на глобално ниво досега е детектиран кај речиси 80 милиони или точно кај 79.086.170 луѓе. Од нив 55.674.760 оздравеле, а 1.738.168 починале.

САД се земја со најголем број на заразени и смртни случаи во светот. Во оваа земја вкупно се детектирани 18.917.150 луѓе позитивни на Ковид-19, од кои животот го загубија 334.218.

Со повеќе од еден милион заразени се и: Индија (10.123.778), Бразил (7.366.677), Русија (2.933.753), Франција (2.505.875), Велика Британија (2.149.550), Турција (2.082.610), Италија (1.991.278), Шпанија (1.847.874), Германија (1.587.908), Аргентина (1.563.865), Колумбија (1.544.826), Мексико (1.350.079), Полска (1.226.883), Иран (1.177.000), Перу (1.002.263) и Украина (1.001.130).


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.