ММС

Објавено на: 12/24/20 12:06 AM

(Видео) Дедо Мраз тргна од Лапонија – Подароците се на пат

Јолупуки, како што Дедо Мраз го викаат во Финска, отиде на возење со санки од Лапонија. Тој замина на претпразнично патување низ светот со цел да им подели подароци на сите пред Божиќ.

Финскиот Дедо Мраз ќе помине повеќе од 450 милиони километри за навремено да им го честита Божиќ на сите. И, се разбира, носи подароци. Свечениот почеток на патувањето е пренесен на Фејсбук, што веќе стана и традиција. Националниот сервис на Финска за првпат го емитуваше тргнувањето на пат на Дедо Мраз во 1965. година.

Редовното емитување на почетокот на патувањето стана долгогодишна традиција. Почетокот на празничното патување околу светот последните години го преземаат телевизиските канали од целиот свет, од Јапонија до САД.

Дедо Мраз во Финска е познат како Јолупуки, а финските деца вообичаено ги посетува лично во нивните домови за време на бадниковата вечер. Меѓутоа, поради густиот распоред што го има Дедо Мраз, овие посети неретко ги извршуваат и неговите заменици кои шират радост со своите насмевки.

 

Фото:   PrtSc /   Departure of Santa Claus with reindeer 2020

Извор:  rts.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.