ММС

Објавено на: 12/23/20 11:30 PM

Пукање во американски супермаркет: Две лица се уапсени

Најмалку две лица се уапсени откако наоружано лице наводно пукало во супермаркетот Волмарт во Севијервил, Тенеси – пренесуваат американските медиуми.

Надлежните служби дошле на местото на настанот – пренесе The Sun.

Во меѓувреме сервисот за информации East Tennessee Incident Notifications се огласи на Твитер соопштувајќи дека нема жртви при пукањето.

Некои луѓе побегнале од објектот каде наводно преку разглас се слушнало дека во Волмарт се наоѓа наоружен напаѓач. Еден од граѓаните што побегнале тврди дека избила тепачка меѓу двајца мажи, поради што едниот од нив наводно пукал со пиштол – јавуваат локалните медиуми.

 

Фото:   wate.com

Извор:  telegraf.rs

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.