ММС

Објавено на: 12/23/20 5:31 PM

Кавадаречкиот планинар Никола Минчоров добитник на плакетата „Даре Џамбаз” за животно дело

Кавадаречкиот планинар  Никола Минчоров е добитник на плакетата „Даре Џамбаз” за животно дело, за МИА потврдија од македонската Федерација на планинарски спортови.

Минчоров е долгогодишен член и актуелен претседател на планинарско спортското друштво „Орле” од Кавадарци. Тој ја добива престижната плакета за оваа година, со ликот на Даре Џамбаз, за долгогодишна активност и придонес за развивање на македонското планинарство.

Ваква одлука донело претседателството на македонската Федерација  на планинарски спортови на онлајн седница.

По разгледување на пристигнатите предлози, било одлучено плакета да се додели и на Планинарскиот спортски клуб „Ѓорѓи Наумов” од Битола, за долгогодишна активност, јубилеј од 60 години традиција и придонес за развивање на македонското планинарство.

-За врвно спортско остварување во планинарството за 2020 година, плакета  се доделува и на Илина Арсова од ДПС „Трансверзалец”,  од Скопје, а признание  за млада надеж во планинарството на Меланија Јовановска од ПК „Ај Лав Хајкинг Груп Маседонија”, додаваат од Федерацијата. Доделувањето на плакети и признание ќе биде дополнително.

 

 

 

Фото:

pskdimitarilievski-murato.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.