ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/16/18 10:51 AM

Елон Маск со груби зборови до спасувач на децата од паштерата во Тајланд

Основачот на компанијата “Спејс Икс” одговори гневно на критиките што стигнаа на негова адреса од британскиот нуркач Верн Вонсорт, еден од спасувачите на децата што беа заглавен повеќе од две недели во пештера во северен Тајланд.

Како што објави “Холивуд репортер”, во текот на подготовките за извлекување на децата од пештерата, Вонсортна својот профил на Твитер го критикуваше планот на Маск за спасување на момчињата со помош на мини-подморница нарекувајќи го “Пи-Ар трик” и му порача на милијардерот “да си ја стави својата подморница таму каде што боли”.

Во одговор до нуркачот, Маск напиша дека ниту еднаш не го видел овој британски бегалец на местото на настанот и му порача да покаже видео од спасувањето на учениците.

– Знаеш, не се мачи да покажуваш видео. Ние ќе направиме една кога мини-подморницата ќе го помине целиот пат во пештерата. Извини, педофил, сам си го бараше, напиша Маск.

Тој не објасни што сакал да каже со објавата и подоцна го избриша својот твит.

Минатата недела Маск лично ја достави мини-подморницата за евакуација на момчињата и тренерот од пештерата, но спасувачите на сакаа да ја употребат.
Од 8 до 10 јули нуркачите успееја да ги спасат 12-те момчиња и нивниот тренер од пештерата.

 

Извор:МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1