ММС

Објавено на: 12/23/20 3:38 PM

Јанакопулос и ПАО добиваат конкуренција: Барселона го остави Томас Ертел во Турција и не му дозволи да се качи во авионот

Скандалот што ја тресе кошаркарска Европа во изминатите 24 часа доаѓа од таборот на Барселона и кошаркарската престолнина на Турција.

Барселона на готувањето кај Ефес загуби со 86:79, но дефинитивно тоа не е главната вест од веќе фамозното патување во Истанбул. Она што го претрпе францускиот плејмејкер Томас Ертел, ако ги изземеме испадите на претседателот на Панатинаикос, Јанакопулос, го нема доживеано ниту еден кошаркар. Барем не на ова ниво.

Познатиот спортски портал „Eurohoops“ пренесе дека на Французинот е оставен во Турција и не му е дозволено да се качи со своите соиграчи во авионот за Шпанија. Причината за тоа е наводното тајно преговарање на Томас Ертел со лутиот и вечен спортски непријател на клубот од Блауграна, Реал Мадрид.

Иако јавноста беше запознаена со тоа дека Ертел преговара со турски Фенербахче, раководството на Барселона открило други детали поврзани со трансферот. Мадриѓаните замената за Факундо Кампацо кој замина во НБА во екипата на Денвер Нагетс ја детектирале во Каталонија.

Но, шпанскиот гигант денес во јавноста излезе со малку поинакви информации во врска со оставањето на Ертел во Истанбул, за кое се чини дека е единсвената точна информации проциркулирана во јавноста.

-Во неделата на денот кога игравме со Хувентуд, клубот и играчот одлучија Ертел да не биде во комбинација за тој натпревар со цел да се избегне можна повреда. Веќе следниот ден клубот му дозволи на играчот, кој патем не беше повикан за мечот со Ефес, да патува заедно со тимот во Истанбул за да ја реши својата иднина, по барање негово и на неговиот менаџер. Во вторникот играчот бараше да тренира одвоено од тимот и попатно да решава за неговата иднина. Попладнето тој и менаџерот ги прекинаа преговорите и се договорија да продолжат да разговараат за заминување. Поради тоа, одлучено е играчот да не се врати со тимот и останатите соиграчи, објаснуваат од Барселона.

Тие додаваат дека Ертел останува член на клубот, а францускиот репрезентативец најавува тужба.

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.