ММС

Објавено на: 12/23/20 7:04 AM

Време: Денеска сончево со максимални +15

Сончево со умерена облачност и со максимална температура до 15 степени. По котлините значително облачно или со појава на магла, особено претпладне. Во јужните делови ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен и западен правец. Тоа е прогнозата на УХМР за денеска.

И утре ќе се задржи стабилно и суво време, по котлините со појава на магла и значителна ниска облачност. Под влијание на влажен бран, од петок попладне до недела ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, а на планините со снег. Поради продор на студена воздушна маса од север, в сабота кон крајот на денот висинската граница на снежните врнежи ќе се спушти и под 1000м, па снег ќе има и во повисоките населени места, особено во западните делови. Од понеделник се очекува стабилизација.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.