ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/22/20 10:11 PM

Се зголемува енергијата, се подобрува расположението: Зошто е добро да шетаме на студено време?

Студеното време е добро за нашето здравје, но знаете ли кои придобивки ги имаме во однос на психофизичкото здравје кога шетаме на ниски температури? Прочитајте во продолжение и откријте зошто зимскиот период треба да го сакате повеќе.

Повеќе енергија

Изложеноста на ниски температури, на пример шетањето на студено време, ќе ве исполни со енергија и ќе бидете енергични уште неколку часа откако ќе се вратите дома. За да имате добар ефект, не мора долго да бидете изложени на ниските температури. Доволна ќе биде и кратка прошетка.

Подобар сон

Луѓето што страдаат од несоница имаат поголема телесна температура, па престојот во просторија со температура од 16 до 20 степени, би можел да им помогне полесно да заспијат.

Совршена температура за трчање

Дали некогаш сте се запрашале зошто некои маратони се одржуваат на крајот на есента? Тоа е така затоа што пониските температури се попријатни се трчање. Трчањето на топло време може да го исцрпи нашето тело. Истражувањата исто така, покажале дека кога е студено трчаме побргу, односно може да изгубиме повеќе калории за пократко време.

Се чувствуваме подобро во сопствената кожа

Кога е студено не мораме да се грижиме за тоа како изгледаме во бикини, што секако ни ја зголемува самодовербата. Тоа е период од годината кога на вежбањето гледаме како на новогодишна одлука.

Повеќе се радуваме на деновите што претстојат

Истражувањата покажале дека луѓето што живеат на места каде секогаш е топло и сончево, всушност не се посреќни од другите. Луѓето се со најдобро расположение по студените денови, затоа радувајте се бидејќи топлото време повторно ќе дојде.

 

Извор:  b92.net


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7