ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/16/18 10:14 AM

УХМР за утре најави нестабилно време

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремен дожд, најпрво во западните делови. На повеќе места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд и грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Локално се можни поинтензивни процеси со обилен пороен дожд, особено во западните и јужните делови од државата.

Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 34 степени.

Со Скопје слично време, со температура од 17 до 31 степен.

Во среда и четврток ќе биде посвежо со умерен до засилен северозападен ветер. Потоа ќе следува период на претежно стабилно време, а во попладневните часови во планинските предели можна е ретка појава на пороен дожд со грмежи.

 

Извор:МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1