ММС

Објавено на: 12/22/20 5:06 PM

Лео Вестерман e ослободен од Фенербахче и потпишува за Барселона

Поранешниот плејмејкер на белградски Партизан, Лео Вестерман, ослободен е од Фенербахче и останува слободен агент на трансфер пазарот. Но, информациите од Шпанија и Турција говорат дека неговиот статус нема долго да биде непроменет.

Очекувањата се дека францускиот кошаркар ќе потпише договор со амбициозниот тим и главен фаворит за освојување на Евролигата, Барселона. Новинарот на „Bein Sports“, Исмаил Шенол, пренесува дека Вестерман уште неделава ќе стави потпис со Каталонците и веќе од следната седмица ќе биде во конкуренција за настап во Евролигата и домашното првенство.

Вестерман повторно ќе игра под палка на Шарунас Јасикевичиус, откако двајцата соработуваа во Жалгирис во два наврати.

Оваа сезона Вестерман досега има забележано 4/8 поени во просек по меч и 2.3 асистенции и кај Барселона ќе се обиде да го пополни испразнетото место што го остави францускиот плејмејкер, Томас Уертел.

 

 

 

Фото:

fener.org

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.