ММС

Објавено на: 12/22/20 2:46 PM

Македонија е мал пазар: Вакцината на „Фајзер“ кај нас во втората пловина на 2021 година, вели Филипче

И оваа недела според извештајот на ИЈЗ продолжува падот на сите бројки и индикатори што ги следи институтот во изминатиот период. Има намалување на новозабоелни за 16,9% во последните седум дена, процентот на позитивни лица од тетсирани бележи пад за 5%, колку што бележи падот на проценти на починати лица.

Се намалува и бројот на хоспитализации во болниците, за последните две недели хоспитализацијата е намалена и скопските клиники и општите и клиничките болници ширум државата. Скоро полу празна е болницата на ковид одделението во Битола, слично во Прилеп, значајно намалување и во Куманово со околу 30 празни болнички кревети.
Во однос на тестирањето има се повеќе слободни термини, што значи се намалува притисокот. Во втората и третета недела на декември е намален е бројот на тетсирања, во државните и приватните лаборатории. Во анализата за втората и третата недела од декември забалежано е дека приватните лаборатории спроведуваат за прилично 100% повеќе тестови од државните, но има зголемување и во државните лаборатории.

Министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес конференција информираше за денешната посета на Бугарија на владината седница, со министерот за здравство Ангелов и премиерот Бојко Борисов.

„Имаме добри вести, а тоа е дека Бугарија како донација додели слободна количина на вакцини од секоја количина која што таа ќе почне да ја добива во следниот период преку сите форми на договори кои што ги направиле со компаниите“, изјави Филипче, кој додаде слична најава за донација на вакцини имаме и од Грција и Полска.
Филипче испрати апел до граѓаните дека во ваква состојба кога епидемијата сериозно спласнува и се стаблизира, да не се направи нешто со што истата би се влошила. Апелираше да се празнува одговорно во кругот на семејството без групираше, според јасно пропишаните протоколи и мерки.
„Се покажа дека сите овие досегашни протоколи и мерки добро сомислени и димензионирани и го дадоа резултатот и да не се спрели слободното движење и работа. Апелирам во следните две до три недели сите да бидеме крајно внимателни и да не ризикуваме уште еден силен бран“, изјави Филипче.

„По последната телефонска комуникација, состанок не сме закажале, последен пат комунициравме на крајот од минатата недела. Бугарската Влада има нарачано сосема довола количина на вакцини, тоа покажува дека ќе има доволно за нивните граѓани и ќе одделат сосема доволна количина за нас. Во системот која што значи дека секоја количина која ќе стигне во Бугарија ќе се одели од истата една количина за нас, за што ќе бидеме во контакт за одредени технички детали со колегата Ангелов“, рече Филипче, како одговор на новинарско прашање колку количини ќе пристигнат од Бугарија и кога, и дали министерот Филипче има закажано состанок со грчкиот колега.

Филипче информираше дека и Бугарија се уште не знае колкава количина ќе пристигне, сосема мала количина од 500 до 1000 тестови ќе пистигнат до крајот на оваа година, меѓутоа вакцините со кои ќе започне и масовното тетсирање на почетокот на следната година.

Филипче информираше дека со Фајзер потпишан е договор за тајност на одредени информации и капацитетите, кои тие сакаат да ги споделат. Се уште се чека на крајни и дефинитивни одговори, иницијалните е дека ние сме мал пазар и дека можеме да очекуваме директна количина од нив веќе во втората половина на 2021 година, а од Астра Зенека се уште немаме дефинитивен одговор, рече Филипче.

Г.Д


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.