ММС

Објавено на: 12/22/20 12:41 PM

ДКСК: В.Д директорот на Агенцијата за филм не може во исто време да биде и член на УО на оваа институција.

На владината седница одржана на 15 ти декември 2020 година кога е  донесена одлука за именување на в.д директорот на Агенцијата за филм, според ДКСК е спорна, затоа што в.д директорот на Агенцијата не може да биде и член на Управниот одбор на оваа институција.

Владимир Георгиев , кој е член на ДКСК вели дека спорното за ова лице е тоа што во исто време извршува две функции директор на институција и член на Упрванен одбор.

Ваквата оценка вели Георгиев е донесена согласно Законот за спречување корупција и судир на интереси и затоа ДКСК на овој начин превентивно делува и и укажува на Владата, а можеби и на денешната седница, како што рече, да го разреши ова лице од член на УО доколку смета дека тоа лице треба да ја врши должност в.д. директор на Агенцијата за филм.

Г.Д


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.