ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/22/20 11:24 AM

Судот врати на работа бремена кумановчанка, која доби отказ поради користење ковид мерки

Работничка од Куманово го тужеше работодавачот, кој и’ дал отказ поради тоа што, во текот на бременоста отсуствувала од работа, користејќи ги времените мерки од Владата за заштита од ковид.  Мерките предвидуваа бремените жени да бидат ослободени од работа. Меѓутоа, работодавачот од кумановска приватна фирма,  во јуни годинава и’ дал отказ, како што стои, поради кршење на редот и дисциплината.

Жената покрена тужба, по што Основниот суд од Куманово утврди незаконитото постапување и повреда на работничките права. Судот го поништи решението за откажување на договорот за вработување, како незаконито, а жената е вратена на работа.

-Се налага тужениот да го врати тужителот на работно место соодветно на неговата стручна подготовка, стои во пресудата, во која и’ налага на фирмата да ги исплати трошоците за судењето.

Ова е едно од првите судски решенија, кое се однесува на даден отказ во време на здравствено – економската криза и можноста за користење на владините мерки.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1