ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/16/18 9:48 AM

Јувентус одби понуда од Дортмунд за Манџукиќ

Италијанскиот шампион Јувентус одбил понуда од Борусија Дортмунд за напаѓачот Марио Манџукиќ, тврди „Калчо Меркато“.

Популарниот Манџо (32) одигра многу силно Светско првенство и постигна три гола и асистенции, откако се пласираше на второто место на Светското првенство 2018 со Хрватска.

Во вчерашниот финален натпревар со Франција, Марио постигна автогол, а во второто полувреме успеа да се запише во листата на стрелците, по грешката на Иго Лорис.

Интересно е тоа што Дортмунд беше поврзуван со Манџукиќ и во 2014 година, кога го напуштил Баерн Минхен во правец Атлетико Мадрид. Но, тогаш против трансферот бил Јирген Клоп.

Договорот на „старата дама“ со репрезентативецот на Хрватска истекува во 2020 година.

 

Извор:МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1