ММС

Објавено на: 12/21/20 11:18 PM

Пар има секс само еднаш годишно и тоа за Божиќ: Девојката вели тоа е празничен подарок

Дваесет и тригодишната, Џен Стивенс од Манчестер му дозволува на својот дваесет и четиригодишен свршеник, Роб Вокер да спие со неа само еднаш годишно и смета дека поради тоа уште повеќе ја почитува.

„Знам дека звучи лудо, но тоа кај нас навистина функционира. Фактот дека  Божиќ го избравме за ден кога ќе имаме сексуален однс, не натера уште повеќе да се посакуваме еден со друг. Среќни сме што се милуваме и прегрнуваме во остатокот од годината, а љубов водиме само еднаш годишно“, тврди оваа млада жена, пренесува The Sun.

Парот има и бебе од три месеци, зачнато на Божиќ ланската година.

„За добриот секс вреди да се чека. Божиќ е најдобар дена во годината, па зоште да не го разубавиме уште повеќе. Не очекувам дека луѓето ќе ги разберат нашите правила, но нас не не интересира што мислат другите за тоа. Нашата врска е појака поради оваа одлука да имаме секс само еднаш годишно“, убедена е Џен.

Дека има многу луѓе кои сметаат дека Џен и Роб се во право, тврди и податокот објавен во Гардијан, кој покажува дека 40 проценти од луѓето на возраст од 18 до 24 години  никогаш немале секс, а 6 проценти имаат секс помалку од еднаш годишно.

Новите генерации за своето слабо либидо ги обвинуваат крвниот притисок, исцрпеноста, но и стресот поради актуелната ситуација.

Џен вели дека сексот со нејзиниот свршеник е најдобриот божиќен пдарок.

„Роб го запознав во 2017 година на Божиќ, на забава кај пријатели. Студираше информатика и за празниците се врати во Манчестер“, истакнала девојката.

 

Фото: илустрација/freepik

Извор:  stil.kurir.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.