Мексиканскиот кошаркар и доскорашен играч на руски Зенит, Густаво Ајон, во последното интервју за „Tirando a Fallar of esRadio“, пренесено од „eurohoops.net’, вели дека не би имал ништо против и би сакал да се врати во неговиот поранешен клуб, Реал Мадрид.
Земајќи ја во предвид ситуацијата со повредени кошаркари кај мадриѓаните и повредата на Ентони Рендолф, Ајон смета дека е подготвен да се врати во акција и да му помогне на „неговиот“ клуб.
-Поминав низ многу повреди во минатото и му испраќам целосна поддршка на Рендолф. Тој е многу силен и ќе се врати уште подобар со повеќе ентузијазам. Враќање во Реал би претставувало добар развој на настаните. Тоа е место каде што сум се чувствувал секогаш удобно. Секао дека би сакал да се вратам назад доколку добијам шанса, изјави Ајон.
Триесет и петгодишниот центар во јули се раздели со Зенит.