ММС

Објавено на: 12/21/20 7:28 PM

Угостителски објект во Кочани работел по дозволеното време: Полицијата затекнала гости

Вчера попладне полициски службеници од ОВР Кочани извршиле контрола на 30 угостителски објекти на подрачјето на ОВР Кочани во врска со почитувањето на мерките донесени од Владата за спречување на ширењето на Ковид 19.

При контролата, тие констатирале дека еден угостителски објект не го почитувал работното време, односно во угостителски објект на ул.„Димитар Влахов“ во Кочани во 18.35 часот биле затекнати неколку гости.

По консултација со Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против одговорното лице ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик, „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ – соопшти денеска МВР.

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.