ММС

Објавено на: 12/21/20 5:55 PM

(ВИДЕО) Микел Артета во епизодата „статистики и бројки кои создаваат мигрена“

Арсенал е петнаесетти на табелата во Премиер Лигата по одиграни 14 кола. Навивачите не паметат олку ужасен старт на сезоната којзнае од кога. Тимот предводен од довчерашниот асистент на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити, во саботата од Евертон на „Гудисон Парк“ претрпи уште еден пораз и се зацементира во долниот дел од табелата.

Формата карактеристична за екипи кои се борат за опстанок, ги загрижува фановите на еден од најдобрите клубови во Англија, а последното обраќање до јавноста на Микел Артета, дополнително ќе им создаде главоболки и на фановите и на пошироката фудбалска јавност.

Некогашниот фудбалер на Евертон и Арсенал ја коментираше формата на неговиот состав, на малку невообичаен „бејзбол“ начин проследен со многу бројки и статистики.

 

-Минатата сезона победивме против Евертон со 25 отсто шанси за победа и резултат 3:2. Минатиот викенд имавме 67 отсто шанси за победа и 9 отсто шанси за пораз и загубивме. Имавме три отсто шанси за пораз против Барнли и загубивме. Седум отсто шанси за пораз против Тотенхем, повторно загубивме, изјави Артета.

Ваквото објаснување ги остави во чудење новинарите и оние кои зад малите екрани го проследија тренерот на Арсенал.

 

 

 

Фото:

thetimes.co.uk


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.