ММС

Објавено на: 12/21/20 1:06 PM

Новиот вирус на Ковид 19 има 22 мутации, вели британскиот вируолог Баркли

Новиот вид коронавирус, кој брзо се шири низ делови на Јужна Англија, „има невообичаено голем број мутации, дури 22“, вели британскиот вируолог Венди Баркли.

Професорката Баркли, раководител на одделот за инфективни болести на Кингс колеџот во Лондон, изјави за Би-Би-Си Радио 4 дека „обично се забележуваат една до две промени во вирусот, но дека новиот вид на ковида 19 има 22“.

“Ова е итен знак за предупредување. Сепак, морам да додадам дека е биолошки можно вирусот да се промени на овој начин поради овие мутации”, рече таа.

Професорката нагласи дека најважно сега е да откриеме дали вакцините се сепак подеднакво ефикасни против новиот вид Ковид 19.

Преземено од: http://www.rtv.rs/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.