ММС

Објавено на: 12/20/20 11:22 PM

Речиси половина Скопје и натаму без струја, ЕВН работи на санирање на дефектот

Се уште на терен  работат екипите на ЕВН за да го решат проблемот кој попладнево го остави речиси половина Скопје без електрична енергија.

Според ЕВН станува збор за голем дефект на 110-киловатна трафостаница Запад, од која се напојуваат скопските населби Кондово, Ѓорче Петров, Влае, Тафталиџе и Карпош.

Дел од корисниците се префрелни во други напојни точки со цел што побрзо да им се овозможи снабдување со електрична енергија.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.