ММС

Објавено на: 12/20/20 8:55 PM

Запленети околу 30 илјади парчиња пиротехника во Тетово

Во уште една акција во текот на попладнето тетовската полиција заплени поколу 30 илјади парчиња пиротехнички средства.  Тие се најдени кај 41 годишник од Мала Речица во објект во градот.

„Околу 17.30  часот од страна на полициски службеници од полициска станица Тетово во објект на улица Илинденска, сопственост на лицето С. М. (41) од М.Речица Тетово пронајдени му се и одземени 27 594 парчиња разни пиротехнички средства. Лицето е лишено од слобода за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок,“ информираат од СВР Тетово.

Во текот на денот беа приведени двајца други тетовци за пиротехника. Вчера тетовската полиција приведе 27 годишен жилте на Селце, тетовско кај кого беа најдени над 9 илјади парчиња пиротехнички средства и петарди.

Согласно члeн 31 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир е предвидена глоба од 200 до 500 евра во денарска противвредност.  Дистрибуирање на пазарот во поголеми количини на пиротехника е спротивно на Кривичниот законик и за тоа дело е предвидена казна затвор три до пет години.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.