ММС

Објавено на: 12/18/20 8:31 PM

Бомбашки напад со трицикл-бомба во Авганистан: Загинаа 15 цивили

Петнаесет цивили загинаа во бомбашкиот напад извршен за време на церемонија одржана по хатма (завршување на читање на Куранот) во авганистанската покраина Газне, пренесува „Анадолија“.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи на оваа земја, Тарик Арјен, во изјава за медиумите нагласи дека извршен е напад со трицикл-бомба за време на церемонија одржана по хатма во село Агуџан во подрачјето на Гејлан во Газне.

Арјен информира дека во нападот загинале 13 цивили, додека 20 цивили се повредени.

Се’ уште никој досега не ја презеде одговорноста за нападот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.