ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/18/20 3:57 PM

„Ова не поминува кај мене“ – Мараја Кери разлутена од лампион со нејзиниот лик

Мараја Кери ни стана симбол на новогодишните празници уште кога го објави хитот „All I Want for Christmas Is You“ во 1994 година.

Но луѓето изгледа многу сериозно решиле Мараја Кери да ја направат дел од новогодишните прослави, па дури направиле и лампиони со нејзиниот лик.

Ваков лампион на подарок добил дечкото Кајл, па решил радоста за лампионот со ликот на Мараја да го сподели на Твитер. Но фотографијата за среќа или несреќа стигнала и до пејачката, па таа веднаш му одговорила на твитот на Кајл велејќи: „Ова не поминува кај мене… Но сепак важна е помислата“.

На Кајл не му бил важен толку негативниот коментар од Мараја за лампионот, напротив се издрадувал што пејачката воопшто одвоила време за да ја види фотографијата и да искоментира на социјалните мрежи.

„Имам многу помешани чувства за фактот дека толку многу луѓе ми испратија пораки за да ми честитаат што Мараја Кери ме почестила со нејзиниот негативен коментар“, вели Кајл.

Во секој случај, ја разбираме реакцијата на Мараја, лампионот не изгледа како да го носи нејзиниот реален лик, туку како многу лоша карикатура на нејзините физички карактеристики.

Погледнете го во прилог твитот на Кајл и веднаш ќе сфатите зошто е разлутена кралицата на новогодишната музика.

Фото: @kyletblaine


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7