Заев и Царовска во Мала Преспа со донација за училиштето
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/18/20 3:00 PM

Заев и Царовска во Мала Преспа со донација за училиштето

Претседателот на Владата Зоран Заев и министерката за образование и наука Мила Царовска денеска при посетата на Општина Пустец, Мала Преспа, остварија средба со своите домаќини, пратеникот во албанскиот Парламент од партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) Васил Стерјоски и градоначалникот Пали Колефски и ги посетија заедничкото основно и средно училиште „Митре Колефски и Трајан Ѓоргијовски”.

Во продолжение, интегралниот текст на изјавата на премиерот Заев:

„Ми претставува посебна чест што денеска за време на нашата посета на Пустец ја вклучивме и посетата на заедничкото основно и средно училиште „Митре Колефски и Трајан Ѓоргијовски. Честа е голема, затоа што ова заедничко основно и средно училиште е реновирано со поддршка на Владата на Република Северна Македонија како резултат на заклучоците на заедничката седница со Владата на Албанија што се одржа во Поградец во 2018 година. Во оваа насока, Македонците кои живеат во пријателска Албанија претставуваат неизоставна нишка во поврзувањето на двата народа“, рече Заев.

Тој ја потврди и донацијата, обезбедена преку македонски компании, за поддршка на инфраструктурното уредување на училишниот двор и дворот на градинката. Денеска биле реализирани 15.000 евра од вкупно 30.000 колку што е донацијата. Останатите средства ќе се донираат во февруари 2021 година.

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7