ММС

Објавено на: 12/18/20 2:44 PM

Забранети новогодишните прослави по фирмите, најавени инспекции

Од денеска стапуваат на сила новите мерки за заштита од корона вирусот. На денешната редовна прес-конференција, претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска – Грашкоска го објави усвојувањето на предлогот на Комисијата за заразни болести.

Работното време за угостителските објекти во периодот од 18 декември 2020 година до 20 јануари 2021 година се ограничува до 18 часот. Се забранува организирање прослави за новогодишните празници од страна на работни организации, а секако на сила остануваат и сите останати мерки и уреди предвидени со здравствените мерки и протоколи.

Филиповска – Грашкоска истакна дека со цел одговорно прославување на претстојните празници, инспекциските служби кои вршат надзор и контрола на протоколите кои ги носи Владата на РСМ ќе ги интензивираат теренските контроли и активности.

На прес конференцијата беа истакнати и податоците од спроведените извршени во периодот од 8 декември – 16 декември од  страна на Државниот пазарен инспекторат, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот трудов инспекторат, Државен инспекторат за животна средина, Државниот инспекторат за транспорт, Агенцијата за храна и ветеринарство и Агенцијата за лекови и медицински средства. Извршени се вкупни 6.944 надзори и контроли. Контролите се однесуваат на непочитување на законите, Владините уредби, одлуки, протоколи како и мерки за превенција и спречување на ширењeто на коронавирусот во државата.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.