ММС

Објавено на: 12/18/20 1:42 PM

Граѓаните за утре наутро организираат потрага по 50-годишна прилепчанка

Потрагата по 50-годишната Весна Николоска од Прилеп, продолжува утре наутро во 7 часот со зборно место кај ИКТ Центарот на МВР (на патот кон Вештачкото Езеро). Нејзиниот син Антонио апелира до сите сограѓани кои се во можност да му помогнат на семејството, со цел нивната мајка да биде што побрзо откриена и згрижена.
Организаторите на потрагата упатија повик до сите сопственици на дронови, како и до фото студија што имаат ваква опрема.
-Апел до сите сопственици на викенд куќи и граѓаните кои имаат сопствено место па макар и напуштено во близина на вештачкото езеро во Прилеп, да го посетат местото. Можеби некаде ќе се појави зрак надеж за семејството Николоски кои во моментов очајно апелираат и бараат помош да се пронајде Весна. За контакт 075-480-598, 076-473-193, 070-565-330, стои во повикот до граѓаните.
Весна Николоска носи светли долни тренерки и темна вентијага (темносива или црна боја).

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1