ММС

Објавено на: 12/17/20 9:43 PM

Заплива во актерството: Колинда во серијата Дар Мар се игра самата себе

Поранешната претседателка на Хрватска, Колинда Грабар Ќитаровиќ заплива во актерските води, па прифати улога во серијата Дар Мар. Како се снашла во улогата, таа откри во интервју за Нова ТВ.

„Мислам дека помина многу добро, барем според мене. Јас уживав во сето тоа. Тоа пред се, замене беше нов предизвик, пробав нешто ново што во животот никогаш не сум го направила“, изјави таа.

Во новата серија Колинда се глуми самата себе, па се појавува во сцена каде е прикажана средба со ликот на девојчето Линда кое во серијата сака да стане претседателка и чиј идол е токму Колинда.

„Главниот мотив ми беше да пратам порака до своите деца, до сите млади и особено до девојчињата дека во животот можат да бидат се’ ако доволно се трудат и секако ако имаат поддршка од околината“, додава Колинда.

Таа откри и што и’ било најтешко во текот на актерската задача.

„Репродуцирањето на текстот. Не сум навикната да учам од збор до збор, па секоја сцена што ја снимавме всушност по малку беше импровизирана“, објасни Колинда.

 

Фото:  Dnevnik.hr

Извор:   index.hr


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1