ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/15/18 11:11 AM

ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев и СДСМ со вчерашната прослава доживеаја уште еден пораз и тоа директно од народот

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска реагираше по повод вчерашната прослава организирана од Владата за поканата за влез во НАТО.

„Народот се обедини против капитулантскиот договор со кој што Зоран Заев ги исполни грчките црвени линии и прифати да го избрише вековното име Република Македонија, идентитетот, нацијата, македонската историја, културата и традицијата. Нашиот народ вели колку пари – толку музика. А, бидејќи вчера беа фрлени стотици илјади евра, народни пари за прослава на промена на името, народот им порача на СДСМ: каков договор – толку публика“, изјави денеска партискиот портпарол, Димче Арсовски.

Според него, вчерашната прослава чинела околу половина милион евра:

„Еве повторно јавно прашуваме, колку скапи лекови можеа да се купат со овие пари и колку родители на своите деца ќе можеа да им ја дадат терапијата без да се грижат доколку Заев ја откажеше вчерашната дебакл – прослава? Колку пари чинеа изведувачите и организацијата на целата неуспешна прослава? Кој ќе сноси одговорност за ова што го направија? Кој ќе ја понесе одговорноста за потрошените пари на граѓаните за оваа дебакл – прослава и најважно во чиј џеб завршија овие пари? Одговорност за приватната журка на Зоран Заев со државни пари, мора да има“.

„Замислете, во 2011 година за прославата за 20 години независност на Република Македонија, настан кој сеуште е во сеќавање и драг на секој Македонец, СДСМ го бојкотираше. Во 2011 година СДСМ ја бојкотираше прославата на граѓаните, а вчера граѓаните го бојкотираа СДСМ и неговата приватна журка. Тоа уште еднаш покажува колку се зрели СДСМ да си одат од власта и колку никој не ги сака. Дополнително за илустрација, тогашната прослава која собра стотици илјади граѓани да прослават сите заедно чинеше околу 90.000 евра, транспарентно објавени трошоци од тогашната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Очигледно е дека некој од вчерашната дебакл – прослава на СДСМ дебело се офајдил“, додаде тој.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1