ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/14/18 10:14 AM

Три лица од Тетово повредени во престрелка и пренесени на клиниките во Скопје

Три лица се повредени во престрелка во Тетово и поради сериозноста на повредите пренесени на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје – пренесе Македонската информативна агенција.

Двајца имале прострелни рани во абдоменот, а едниот поради тешките повреди на главата се наоѓа во кома центарот на Клиниката за неврохиругија.

Од Ургентиот центар за МИА изјавија дека двајцата со повреди на абдоменот се оперирани и се во стабилна состојба. Се наоѓаат на Одделот за интензивно лекување.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1